При експлозија на нафтовод во централно Мексико загинаа најмалку 66 лица, а 76 се повредени.
– Податоците кои ги имаме од пред неколку минути се дека 66 луѓе загинаа, а 76 се повредени, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.
Според локалните власти несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат гориво.
Пожарот на нафтоводот се уште не е изгаснат. Местото на инцидентот се уште е блокирано и таму работат експерти по судска медицина.
Според сведоци, десетици локални жители со кофи собирале бензин, кој истекувал од нафтоводот, кога избувнал пожарот.
Поради кражба на гориво буџетот на Мексико минатата година беше оштетен за три милијарди долари. г