Двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, изјвил извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија за грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, Ципрас имал позитивен став за овој предлог, а Коѕијас го отфрлил.

– Извор близок до премиерот Заев и до министерот за надворешни работи  Димитров за „Катимерини“ спомена дека двете страни се дојдени блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, што се за Скопје се однесува на историскиот настан Илинден (Свети Илија) и на вооруженото востание на „македонскиот народ“ против Отоманите, пишува грчкиот весник.

Како што јави МИА од Атина, весникот во текстот под наслов „Брза анализа: Договор за четврти Илинден?“, новинарот пишува дека за конкретното име биле известени и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ЕУ и САД.

– Ова име е врзано со нашата историја и се смета дека полесно ќе помине во општеството и ќе важи за сите, додека пак не упатува на антиката, туку на поновата Македонија, рекол изворот за „Катимерини“ и додал дека и ВМРО кое известено, нема да се противи.

Новинарот во продолжение објаснува што точно значи Илинден и Илинденското востание. Пишува дека во 1903 година бил првиот Илинден, во 1944 вториот, во 1991 третиот, и се прашува дали ќе постои и четврти Илинден во договорот со Грција.

– Секако се ова се дискутира во Скопје. Останува да видиме дали навистина, Ципрас е позитивен, како што инсистираат во соседната земја, или како што поддржуваат грчки извори, дека ова име беше отфрлено од грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, пишува новинарот на крајот од неговата анализа за електронското издание на „Катимерини“.