Договорот меѓу Грција и Македонија за решавање на прашањето за името поттикна жестоки дебати не само во Скопје и во Атина, туку и во други земји во ЕУ, објави „Катимерини“.
Иако парламентот во Скопје го ратификуваше во средата, договорот од Преспа, сепак патот до членство останува препречен со камења пред состанокот на Европскиот совет наредната недела (28-29 јуни), затоа што неколку земји се скептични околу натамошното проширување на Унијата, додава весникот.
Франција е една од земјите која се противи на пакетот за проширување кој Европскиот совет треба да го ратификува, и покрај напорите на Европската комисија од него да не се исклучуваат Албанија и Македонија.
Кон Франција се приклучија Холандија и Данска, кои исто така искажаа резервираност, но возможниот пресврт на позцијата на Франција би можел да биде пресуден за прашањето.
Пред состанокот на Европскиот совет, за прашањето ќе се рзговара на Советот за надворешни работи на 25-26 јуни.