Бројот на луѓе што ги напуштиле редовите на Католичката црква во Австрија во 2018 година значително е зголемен во споредба со претходни години.
– Во 2018 година вкупно 58.378 луѓе ги напуштиле редовите на Католичката црква во Австрија, што е за 8,7 отсто повеќе отколку во 2017 година, јавија виенски медиуми.
Според тие статистики, во Австрија со вкупно 8,8 милиони жители моментно живеат 5,05 милиони католици.
Најголем број верници – 85.000 ја напуштиле Католичката црква во 2010 година. Најголем пораст на напуштања во 2018 година имало во бискупиите во Виена и Клагенфурт.
И покрај падот на број на членови, црквата бележи рекордни приходи од црковни давачки што ги плаќаат верници, а кои зависат од заработката. Католичката црква во 2018 година собрала 461 милион евра. Порастот на приходите се поврзува со зголемени приходи на граѓаните.
Истовремено, во таа црква се примени 5.311 нови членови што е пораст за 105 отсто во споредба со 2017 година. Во најголем број случаи се работи за муслимански бегалци кои прифаќаат католицизам.