Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.

Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома.