Деветнаесетгодишник од Кавадарци со возило „рено меган” со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и паднал со автомобилот во реката Луда Мара.
Несреќата се случила кај местото каде што се гради нов мост, токму поради недоволната безбедност на стариот и зачестеноста од сообраќајки.
Лиза Бендевска од МВР, изјави дека сообраќајката се случила на улицата „Страшо Пинџур” во Ваташа.
На местото биле повикани полиција и противпожарната единица, која веднаш пристигнала со две возила и тројца пожарникари.