Телото на мртвата жена која синоќа беше пронајдена во водите на Тиквешко Езеро е дадено на обдукција, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа во 20.00 часот во ПС ОН Кавадарци пријавeнo е дека во водите на Тиквешко eзеро, кај место викано „Голеш“, е пројдено починато лице. Утврдено е дека се работи за Н.Ч.Ш. (72) од Кавадарци. Медицинска екипа од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци изврши преглед на лицето и констатираше дека истото е починато. Телото е предадено на Институтот за судска медицина Скопје за обдукција, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.