Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот.
Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња.
– Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа веднаш, а и ние реагиравме веднаш, рече сопственикот.
Според неговите првични проценки, штетата е околу илјада евра.
Од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци рекоа дека на лице место интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.