Поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека планира да договори тет-а-тет средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.
– Зеленски веќе се согласи на таков состанок и го известил претседателот Путин за тоа, истакна Назарбаев на конференцијата за меѓународна политика во главниот град на Казахстан.
Според него, засега нема информации дали Путин ќе се согласи за средба.