Регулаторите за безбедност на работното место во американската сојузна држава Ново Мексико вчера изрече максимална можна казна од 136.793 долари против филмска продукциска компанија која го снимаше филмот „’Рѓа“ (Rust), поради безбедносни пропусти околу огненото оружје со коешто глумецот и продуцент Алек Болдвин лани смртно застрела снимателка.
На ранч близу Санта Фе на 21 октомври 2021, Болдвин вперил пиштол кон кинематограферката Халина Хачинс, при што оружјето испукало и ја уби Хачинс, а го рани режисерот Џоел Соуза. Наводите говорат дека револверот му бил предаден на Болдвин од помошник-режисерот Дејвид Холс, без консултации со стручњаците за оружје. Регулаторите забележуваат дека Холс служел и како координатор за безбедност и дека бил присутен и како сведок на двете случајни испукувања на снимањето, како и дека тој и другите менаџери кои знаеле за погрешните пукања не презеле истражни, корективни и дисциплински мерки. Членовите на екипажот изразија изненадување и непријатност.
– Она што го имаме, врз основа на наодите на нашите иследници, е збир на очигледни опасности за вработените во врска со употребата на огнено оружје и неуспехот на одговорните да дејствуваат по тие очигледни опасности, изјави Боб Џеновеј, шеф на Бирото за безбедност при работа.
Властите притоа ги документирале и поплаките за безбедноста на оружјето од членови на филмската екипа.