Германскиот фудбалски сојуз му изрече ригорозна казна на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах кој плукна во лицето на противнички играч во 13. коло од Бундеслигата на средбата со Хофенхајм (1:2) и доби црвен картон.

Одлуката на дисциплинската комисија e дисквалификација на играчот за следните шест натпревари, како и парична казна од 40 илјади евра.

Покрај тоа, клубот му ја одзеде месечната плата на францускиот напаѓач, која според „Билд“ изнесува 150 илјади евра и ќе биде донирана во добротворни цели.

Турам одигра 13 натпревари оваа сезона во Бундеслигата, постигна два гола и направи една асистенција.