Група од 10 странски туристи во Индија не ја почитувале забраната за движење во градот Ришикеш, па добија необична казна – да напишат 500 пати „извинете” во тетратка.
Туристите тоа го сториле под будното око на чуварите на редот, а сѐ тоа е објавено на Твитер-профилот на списанието „Ришикеш рајтинг“.
Во таа област има над 700 странски туристи од САД, Австралија, Мексико и Израел, кои престојуваат во овој дел од Индија, и повремено ги прекршуваат мерките за забрана за движење поради коронавирусот, се наведува во извештаите на тамошната полиција.
Индиска полиција им наложи на хотелите – странските гости да излегуваат надвор само со придружба на тн. помагачи, а на угостителите кои нема да ја почитуваат наредбата, им следат парични казни.