Заврши истрагата за забавите во период на строг „локдаун“ поради Ковид-19, одржани во Даунинг стрит, 126 лица се казнети, соопшти денеска британската полиција, јавија тамошни медиуми.
Премиерот Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак се казнети поради собир во канцеларија во јуни 2020 година. Тогаш, Џонсон славел 56-ти роденден, во време кога собири беа забранети.
Откако се дозна за забавата, опозиционери, но и политичари од Конзервативната партија, од Џонсон побараа оставка.
– Истрагата беше темелна и целосна, завршена е најбрзо што можевме, со оглед на количеството информации што мораше да се обработи и важноста да обезбедиме силни докази за секоја напишана казна. Истрагата сега е завршена, наведуваат од лондонската полиција.
Казните биле во врска со осум датуми, кога се организирале разни собири во Даунинг стрит и во владини канцеларии, меѓу мај 2020 и април 2021 година. Тој период, на сила беа антиковид мерки.
Меѓу казнетите се 53 машки и 73 женски лица, некои од нив добиле повеќе од една казна.
Засега, нема никаков одговор од Даунинг стрит.