Во животот е важно да се има доверба на луѓето околу нас, шерпасите временски не ги познаваме долго, можеби 3-4 години, но самата нивна реакција при смрт на некој од блиските од тимот ни ја предочила таа доверба. Повеќе од 2/3 што планинарат без шерпаси над 8000м надморска височина имаат ризик од смрт. Проаѓавме покрај пукнатината каде се наоѓаа телата на загинатите од лавината, тоа беше посебно емотивно чувство. Сите што се искачивме имавме еуфорија, но симнувањето е уште поризично. Ветерот го расчистува видикот, но има поголем ризик од премрзнување, еден месец по враќањето имавме трнење на прстите. Не сум помислувал на најлошо, ако сум помислувал на такво нешто немало да преземам ризик и да искачувам толкава височина. Стравот е ограничувачки фактор. Најголем подарок што може да подариме некому е да го ослободиме од страв, рече Сашко Кедев во вечершното Само Интервју.