Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, истакна дека напаѓачот Хари Кејн е разочаран од настапите на Светското првенство 2018 година.
Англија загуби во полуфиналето од Хрватска, а исто така беше поразена и од Белгија во мечот за третото место.
– Кејн е многу разочаран од Светското првенство. Тој се врати во Лондон од Русија во неделата, а во вторникот веќе беше во тренинг и помина пет часа сам со себе, истакна Покетино.
Му честитав, но тој рече дека тоа не вреди, бидејќи беше разочаран, додаде предводникот на премиерлигашот.