Напаѓачот на Тотенхен и англиската репрезентација Хари Кејн оствари несекојдневен подвиг. Кејн вчера постигна гол во втората минута од натпреварот против Кардиф и со тоа успеа да затресе мрежа на секој клуб во Премиер лигата против кој играл.
Кејн на стартот од натпреварот со Кардиф со многу среќа го совлада противничкиот голман, кога топката од ногата му се одби во мрежата.
Центарфорот на Тотенхен постигна досега 14 глови во шампионатот на Англија со што е на врвот на листата заедно со Пјер-Емерик Обамејанг.