Хари Кејн е подготвен повторно да игра за Тотенхем кога ќе се рестартира англиското првенство. 26-годишниот напаѓач претрпе повреда на првиот ден од новата година и ги пропушти сите натпревари на „спарси“ до средината на март, кога Светската здравствена организација прогласи пандемија и практично ги прекина сите фудбалски првенства.
– Се чувствувам добро. Бев скоро целосно опоравен пред почетокот на изолацијата, иако не ме гледате како тренирам со моите соиграчи. На почетокот тоа го правев онлајн на Интернет со целата група, а сега можам да правам вистински тренинг со член на тренерскиот персонал. Убаво е да се биде надвор и повторно да ја допрам топката. Ќе бидам подготвен да играм, без разлика кога ќе ја продолжат сезоната. Без разлика дали е за еден или два месеци, не е важно, изјави Кејн во интервју за „Скај Спортс“.