Не поминаа ни три месеци откако војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон на свет го донесе третото дете, принцот Луис, а магазинот Лајф и Стајл веќе објави дека таа од сопругот Вилијам носи четврто дете.
Наводната бременост на магазинот му ја откриле неименувани извори блиски на парот, а во прилог на веста идат наводите дека Кејт и Вилијам сакаат да имаат две девојчиња и две момчиња.
-На Кејт многу и е важно нејзините деца да бидат блиски, а најдобар начин за тоа е меѓу нив да има што помала старосна граница, рекол изворот.
Магазинот наведува дека знаците дека Кејт е повторно трудна се повеќе од очигледни.
-Таа повторно носи комотна облека, избегнува алкохол и постојано јаде кари, како и во претходните три бремености. Јаде и кекс со лаванда, кој порано и помагаше кај утринските мачнини, тврди истиот извор.
Кенсингтонската палата се уште се нема изјаснето по повод ова, а ваквите вести досега ги објавуваше на официјалниот Твитер налог, па останува да видиме дали се работи за лажна вест или кралското семејство другата година ќе стане побогато за уште еден член.