Британскиот дворец е повторно во центарот на интересот, особено кога станува збор за Меган Маркл.

Принцезата Дајана, за британската јавност, е единствена и неповторлива. Сепак, стилот на облека што доаѓа од британскиот дворец е исклучително формален и униформен, па не ретко другите членови на кралското семејство честопати ги споредуваат со Дајана.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и поранешната членка на британскиот дворец, војвотката од Сасекс, Меган Маркл, честопати носеат парчиња облека слична на облеката на Дајана. Освен што парчињата наликуваат едни на други, се чини дека тие исти парчиња, па дури и иста нијанса на облеката, се носеа на исти или слични настани на кои присуствуваа.

Најдовме некои од најсличните комбинации на облека што ги носеле војвотката од Кембриџ и војвотката од Сасекс во претходниот период.

Споредете со стилот на принцезата Дајана и проценете сами, на која дама овој стил најмногу и одговара и која од нив може да ја земе титулата кралица на стилот.