Според најновите пресметки на научниците, Кеопсовата пирамида била изградена за околу 20 години – помеѓу 2670 и 2650 година п.н.е. Едно од чудата на светот.

На 4 октомври градилиште во Бугарија наполни 48 години откако беше фрлена првата лопата. Навистина, на него не беа користени 20.000 работници, но секако треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Секако, станува збор за злогласниот автопат „Хемус“. Онаа што требаше да ја поврзе Софија со Варна и да ги направи овие 480 километри многу побезбедни и побрзи за патување. Но, тој останува ненапревен речиси половина век. И сигурно нема да биде завршен за неговата годишнина на 4 октомври 2024 година.

Весникот Работничко дело од 1974 годинасо кое се најавува почетокот на изградбата на автопатот Софија – Варна, наречен ХЕмус

Се надеваме дека овој рекорд нема да биде соборен од нашиот автопат Кичево-Охрид, но сериозен конкуремт е пругата кон Бугарија која ја најави Бранко Црвенковски во 1994 година, а сега, откако ги згрижи синичињата, ќе ја прави Хари Локвенец. Додека бугарскиот ватопат има 40 години, нашата пруга има 28 години! Не е баш мртва трка, ама…!