Јованка КЕПЕСКА
Досега е направена огромна штета и не само материјална туку и за македонската уметност. А веројатноста за наредни кражби е постоечка. Се говори дека прво роварела кумановска група, а дека сега има нова група. Што говори дека групите се произведуваат една по друга односно се шират.
Резултатот е поразителен дефинитивно по уметничкиот изглед на духовното светилиште на градот, иако знаеме дека во светот се води особена грижа од таквиот апект во некрополите. Така што тие претставуваат и уметничко средиште.
Со деструкцијата која се врши со кражбите на спомениците на културата на гробиштата, на поместените уметнички дела и обележја од најзначајните македонски скулптори, евидентно е дека кај нас, се нарушува, истовремено, општиот впечаток и углед на Македонија. Освен што се газат авторските права на уметниците и финансиски се оштетуваат граѓаните.
Затоа врз основа на веќе претходно покренатата иницијатива и широката јавна критика како би се спречило крајно штетното однесување, поставени се барања за преземање на одлучни постапки од страна на власта. Притоа во изнаоѓањето на решенија се претпоставува заедничкото институционално дејствување на министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи но и на гробиштата, за справување со ситуацијата. Пред највисоките органи предложени беа мерките:
– Промена на Кривичниот законик со цел високо да се санкционираат, со големи казни, сите учесници во извршувањето на кражбите на уметничките дела и за задолжените нституции за контрола; какои
– Донесување закон за забрана на откуп на метали.
Она, што, пак, истовремено, се очекува од самите гробишта „Бутел“ е следното :
– Да обезбеди модерна заштита на гробиштата;
– Таквата заштита подразбира обезбедување на нужни заштитни мерки околу некрополата: комплетни заштитни огради и камери на секој агол; и
– Одговорност на менаџерските тимови кои се грижат за некрополата.
Иницијативата е широко поддржана и од повеќе институционални облици на здружувања на граѓаните како и од научни институции.
Врз основа на иницијативата покрената е постапката за соответни активности пред Владата и пред соодветните министерства.
Претстои активност пред Советот на градот Скопје и пред Гробиштата „Бутел“ АД Скопје кои се повикани да го преземат својот дел од одговорноста како би се надминале ова злодело и цивилизациски срам.




