Јованка КЕПЕСКА

Неодамна, во еден, вечерен, настап беше речено дека македонскиот јазик, иако поместен како јужнословенски, нема словенска граматика туку дека има идентична граматика со грчкиот јазик. Односно дека само лексиката е словенска. И дека ние, Македонците, сме поблиску до луѓето во Тесалија отколку со оние во Лесковац. А треба да се има на ум дека токму јужносрпските дијалекти во науката се поместуваат како блиски до македонскиот јазик.

Апсолутно не сум против да се прикажуваат сознанија со кои се уточнуваат работите или тие се прошируваат со факти. Па колку тие и да ги рушат актуелните гледања.

Со искажаната мисла, оттаму, остана за мене како „збуновник“, не смелоста на искажаното, туку самата негова суштина. Јасно е дека јазиците доживуваат развој од најстарите времиња до денес, што граматиката ги искажува како законитости во фонетиката, морфологијата, синтаксата, фразеологијата и лексиката. Граматиката останува сложен систем од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки односно на формите на зборовите и на нивното обединување во групи.

Оттаму се поставува прашање дали со искажаната мисла станува збор за истоветна граматичка структура на македонскиот и грчкиот јазик при што не се укажува на идентичноста или на несоответната искажаност на законитостите во граматиката. Дотолку повеќе што во вековите на раниот феудализам Словените долго живееле во една заедница со ист јазик во кој и се пројавувале дијалектолошки разлики како и промени во акентот, па и една азбука опстоила во основа на писменоста.

Оттаму се поставува прашањето дали имало обединување на македонската заедница со грчката или, барем, влијание на грчката „граматика“ во македонскиот говор за да има драстично влијание врз структурата на македонскиот јазик, и за да се создаде македонската граматика идентична со грчката.

Во статијата на Круме Кепески „Кој бил Храбр и која азбука ја имал на ум“, објавено во неговата книга „Статии и анализи за македонскиот јазик“, 2014 год. се даваат следните податоци. Тоа е статијата која е посветена полемиката за тоа која била првата азбука  која ја создал св. Кирил. Односно дали е тоа глаголицата или кирилицата, заснивана на најзначајните сознанија кај претставници на славистичката мисла. Самиот Црноризец Храбар е автор на „Сказанија о писменех“. (Приближно „деветти – десети век). Тој е писател кој ни дава корисни сознанија за потфатот на словенските први учители. А тие се во контекстот и на нашата тема.

Во делото се гледа дека Црноризец Храбар се гледа дека води полемика со Грците; тој ја слави и ја истакнува предноста на словенските алфабета и јазикот над грчките. Храбар одлучно застанува против тоа и ја споредува судбината на словенската и грчката алфабета и докажува како значењето на словенската азбука нималку не отстапува од значењето на грчката алфабета. Што покжува дека словенската литература стоела на висок степен на развиеност за да можеда стапи во полемика со Грците кои го омаловажувале нејзиното значење. Станува збор за глаголицата.

Во делото „Сказанију“ се кажува дека азбуката на Кирил е составена од 38 слова; дека 24 се земени од грчката алфабета, а 14 се составени за специјалните словенски гласови затоа што такви не постоеле во грчката.

Се говори дека подлогата на глаголицата е грчкото курсивно писмо. Теоријата дека на глаголоцата подлогата е грчката азбука прв ја вовел англискиот научник Тајлор кој докажувал дека глаголските слова настале од грчкиот ракопис (брзопис) а не ја познавал добро словенската палеографија. А исправката би била дека не се сите слова на глаголицата од грчко потекло; има одделни слова од источните азбуки (еврејска, самариќанска). Словото ш е, на пример, од еврејско потекло. Значи, грчкиот курсив од „деветти век е претворен во глагољичанскиот устав и тоа со помош на орнаменти, а исто така се земени и источни елементи, еврејски и самариќански во потеклото на глаголицата.

Тука треба да се приклучат сознанијата и за тоа како се создавала првата Македонска граматика од Круме Кепески и анализите на развојот на македонскиот литературен јазик.