Научниците проучувале 45 дебели жени кои имале рак на јајници, и ги прераспределиле така што некои биле на кето диета, а некои на диета која се препорачува во борбата против рак на јајници.
Кето диетата помага така што го намалува внесот на јаглени хидрати, кои инаку го зголемуваат нивото на гликоза, поради што телото повеќе согорува масти.
„Ракот се шири затоа што е поврзан со нивото на гликоза, па затоа сметаме дека диетите кои го регулираат нивото на гликоза можат да имаат многу предности”, вели Барбара Гауер, професорка на Отсекот за нутритивна наука, и додава: „Кето диетата го намалува нивото на гликоза, со што се намалува можноста за ширење на ракот“.
Истражувањето се уште не е завршено, и со сигурност не може да се потврди дека оваа диета помага во борбата против ракот, но се препорачува жените со дијагноза да консумирааат здрава храна и да се посоветуваат за исхраната со лекар.
случајно