Актерката Кетрин Зита Џонс раскажа како се носела со обвинувањата упатени кон нејзиниот сопруг за сексуално вознемирување.
Кетрин Зита и познатиот актер Мајкл Даглас се во брак 18 години. Заедно поминале низ разни тешкотии, а сега актерката раскажа колку му било тешко на целото семејство кога една жена го обвини Мајкл за сексуално вознемирување.
„Бевме уништени по овие обвиненија. Не ни знаевме која е таа жена која го обвини Мајкл. Тогаш имав сериозен разговор со него. Ги вклучив и децата во тој разговор”, вели 49-годишната актерка.
„Мајкл ми кажа дека нема ништо и дека времето ќе го покаже тоа. Така и беше, немаше никакви докази што би ја потврдиле таа приказна”, откри Зита.
Една жена го обвини Мајкл Даглас за сексуално вознемирување пред 32 години. Актерот беше во шок, особено поради неговите деца. Му беше многу важно неговиот син и ќерка му да не го етикетираат како сексуален предатор.
Кетрин и Мајкл имаат две деца, ќерката Сајрус (15) и синот Дилан (18).