Актерот Кевин Костнер, кој неодамна се разведе и заврши во медиумите поради безобразните барања на неговата поранешна сопруга, гостуваше во емисијата на Хауард Стерн каде освен за пропаднатиот брак и можните нови љубови, зборуваше и за запознавањето со покојната принцеза Дијана.
Холивудската ѕвезда, актерот Кевин Костер во едно интервју се присети на средбата со трагично загинатата британска принцеза а Дијана, која го вознемири британското кралско семејство.
Големиот заводник потсети на идејата да се сними продолжение на хит филмот „Телохранител“ во кој глумеше телохранител на славната музичка ѕвезда Витни Хјустон.
Во таа продукција требаше да игра принцезата Дијана, но во 1997 година во Париз се случи страшна несреќа во која таа го загуби животот.
Кевин на принцезата Дијана веднаш штом ја запознал во 1996 година и понудел улога во продолжението на Телохранител. Таа според неговите збворови го прифатила предизвикот затоа што сакала да проба нешто ново.
„Таа ми кажа дека нејзиниот живот е на пресвртница и ме праша дали ќе има сцена со бакнување. Ја прашав дали сака. Таа рече да, а јас реков: „Тогаш ќе го направиме тоа“. кралското семејство се сврте против мене“, рече тој, додавајќи дека по нејзината смрт, семејството негирало дека има таква потенцијална соработка.
Кевин Костнер воедно раскажал и за една случка со кога принцот Вилијам побарал да разговара со него пред неколку години во Лондон. „Тој ме погледна и ми рече: „И се допаѓаше на мајка ми.“ Принцот од Велс го воодушеви со својата топлина.