Киану Ривс и неговата девојка Александра Грант вчера вечер се појавија на гала MOCA 2024.

Педесет и девет годишниот актер и неговата пет години помлада партнерка позираа на црвениот тепих и го украдоа целото внимание.

Медиумите пишуваат дека инаку самобендисаниот пар подоцна размениле нежности. Последен пат заедно беа фотографирани во јавност во ноември 2023 година.

“Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што ја градиш сопствената кариера пред да започне врската. Така беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и како пар и сама“, изјави претходно Александра за магазинот People. Додала и дека Киану ѝ е голема мотивација.

Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Тие двајца се блиски со години, а соработуваа на книгата Ода на среќата, напишана од Ривс, а илустрирана од Грант.

Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес, која изложувала низ целиот свет. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година.