Киану Ривс изгледа како бездомник, а не како познат актер, на некои од најновите фотографии кои се појавија во јавноста.
Странските медиуми објавија фотографии од маж кој седи пред клубот Сент Рок во Хермоса Бич, Калифорнија, а малкумина на почетокот забележаа дека фотографиите не се на бездомник, туку на познатиот актер Кијану Ривс. Со капа на главата и облека која никако не остава впечаток дека е светски познатиот актер со милиони на сметката во банка, 58-годишниот актер седи на подот пушејќи цигара.
Со седата брада и долга косата и неуедниот изглед само го зголемил впечатокот на бездомник. Ривс се релаксирал надвор од клубот пред концертот со неговиот бенд „Догстар“, со кој моментално е на турнеја.
Сцената е во целосна спротивност со фотографиите направени неодамна кога папараците го фатија на јахта во Италија и го покажаа неговото затегнато тело додека беше на одмор со неговата сестра Ким (56) со која е многу близок.
Киану, исто така, донираше 70% од својот авторски хонорар од првиот филм „Матрикс“ за финансирање на истражување за леукемија – откако Ким се бореше со болеста 10 години. Имено, актерот, кој наводно однапред бил платен 10 милиони долари и заработил вкупно 35 милиони долари за првиот филм од франшизата во 1999 година, финансирал истражување за рак на крвта откако на Ким во 1991 година и била дијагностицирана леукемија.
Тој стана нејзин примарен негувател во тоа време и и помогна да се опорави откако помина една деценија борејќи се со ракот пред да замине во ремисија. За да биде поблиску до својата сестра, Киану ја продаде куќата и се всели кај неа, а потоа го одложил целото снимање, вклучувајќи го и снимањето на „Матрикс“ и потрошил 5 милиони долари на терапија за да и помогне на Ким целосно да закрепне.
Ривс еднаш рекол за својата сестра:
„Таа секогаш беше тука за мене. Јас секогаш ќе бидам тука за неа“.
Познатиот актер оттогаш започна добротворна организација за да им помогне на оние кои се борат со ракот. Во 2009 година, тој изјави: „Имам приватна фондација која постои пет или шест години која им помага на неколку детски болници и истражување на ракот. Не сакам да го прикачувам моето име на неа, само дозволувам фондацијата да го прави она што го прави и да им помага на оние кои ми треба.”