Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими. За неговата прерана смрт известија од ФК Влазерими од Кичево кои со соопштение се обратија до спортската јавност.
– Со длабоко жалење и неверување ја прифативме веста за смртта на 52-годишна возраст, на поранешниот фудбалер на Велазерими од Кичево, Ќамил Селими . Ќамил ги бранеше боите на нашиот тим во текот на деведесеттите години, кога истовремено беше време да се постават темелите на фудбалски клуб со сериозни организациски и натпреварувачки перформанси. Ја користиме оваа можност да му изразиме искрено сочувство на семејството во име на секој член и поддржувач на Влазерими, со убедување дека Ќамил секогаш ќе остане во колективната меморија на нашиот клуб. Почивај во мир! , се вели во соопштението на ФК Влазерими од Кичево.
Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на гробиштата во село Лшница кичевско.