Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка.
Како што известува портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.
– На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С. (44) од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презела мерки и малолетничката била пронајдена синоќа околу полноќ, изјави Димоски.