Украинските вооружени сили соопштија дека и нанеле големи загуби на Русија. Министерството за одбрана соопшти дека 2.800 руски војници се „изгубени“.Не е јасно дали војниците се убиени, ранети или заробени, пренесува германската агенција ДПА.

Министерството, исто така, процени дека се уништени до 80 тенкови, повеќе од 500 други воени возила, 10 авиони и седум хеликоптери.

ДПА потенцира дека бројот на војници и цивили е невозможно да се потврди, со оглед дека завојуваните страни даваат спротивставени информации. Русија тврди дека не претрпела значителни загуби.