Властите во Киев соопштија дека Русија во нападите врз Украина користи ракети произведени во Северна Кореја.

Портпаролот на украинското обвинителство Дмитро Чубенко изјави дека севернокорејска ракета е една од проектилите што го погодија Харков на 2 јануари.

Чубенко изјави дека „начинот на производство“ на севернокорејската ракета „не е многу модерен“, пренесува Ројтерс.

Затоа сме склони да мислиме дека се работи за проектил испорачан од Северна Кореја, изјави Чубенко.