Кијану Ривс, човек со очигледна разбудена свест, одлично го анализира северноамериканското општество и глобализацијата воопшто. Неговата порака е повеќе од јасна и за жал повеќе од точна.
Никој на никому не му се насмевнува, никој не застанува за момент за да се восхитува на природата. Сите се грижат за своите грижи и брзаат да исполнат што повеќе задачи, како роботи …
Кога ќе излезете на улица, погледнете наоколу и ќе забележите дека секој оди по својот пат, никој не разговара со никого, сите механички одат по улиците, со слушалки во ушите, во својот свет, во својата музика.
Тоа го забележал и познатиот актер Кијану Ривс.
Тоа го погодило, па решил да им се обрати на сите преку социјалните мрежи, со надеж дека ќе допре до свеста на луѓето:
“Видете ги овие луѓе зад мене?
Тие брзаат за на да работа и не обрнуваат внимание на ништо.
Понекогаш сме толку посветени на секојдневниот живот, така што заборавиме да одвоиме време и да уживаме во убавината на животот.
Како да сме зомбиња.
Свртете се и извадете ги слушалките од ушите.
Кажете му на некој „Добар ден”, или прегрнете некој кој изгледа како да страда.
Помогнете на некој.
Морате да живеете како секој ден да ви е последен.
Она што луѓето не го знаат за мене е дека бев во депресија во изминатите неколку години.
Никому не зборував за тоа.
Морав да најдам начин сам да излезам од депресија.
Човекот кој ме спречуваше да бидам среќен бев ЈАС.
Секој ден е посебен и така треба да го доживувате.
Утре не е гаранција, живејте денеска! “