Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун побара зголемена поддршка од јавноста за државната идеологија на самоодржливост, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким испрати писмо до функционерите на владејачката Работничка партија, кои присуствуваа на вчерашната работилница, со цел да ги мотивира за социјализамот и да се унапреди идеолошката работа на партијата.
Ким во писмото наведува дека партијата напредува и покрај тоа што се соочува со најголемите тешкотии и ја нагласи потребата за ширење на визија за самоодржување.
Идеолошката и моралната сила на народните маси би требало да биде главно оружје, како и секогаш и ја поттикнуваме на секој начин, наведе Ким.