Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска пристигна во Русија со приватен воз на разговори со претседателот Владимир Путин.
Ким го напушти Пјонгјанг во неделата со својот маслинесто-зелен воз, објавија денеска севернокорејските медиуми, посочувајќи дека тој е придружуван од највисоките претставници на воената и воената индустрија.
На видео снимката објавена од руската телевизија се гледа како Ким се насмевнува додека излегува од возот и стапнува на црвениот тепих на железничката станица на далечниот исток на Русија, каде што бил пречекан од дипломатска делегација, а потоа настапил воен оркестар.
Руски извор запознаен со патувањето претходно изјави дека Ким се симнал од возот во вторникот наутро за да ги поздрави руските официјални лица во Казан, на далечниот исток на Русија, а потоа го продолжил своето патување.
Рускиот министер за природни ресурси и животна средина и претседател на Меѓувладината комисија за трговска, економска, научна и техничка соработка со Северна Кореја Александар Козлов во видео најава изјави дека се сретнал со Ким на мостот на реката Тумен во регионот Приморски. Потсетувајќи дека Ким дојде во официјална посета на Русија, Козлов рече: „Русија и Северна Кореја се силни пријатели веќе 75 години. Сите овие години се поддржувавме и си помагавме не само како соседи туку и како блиски пријатели“.
На видеото што го сподели Козлов се гледа како Ким пристигнува на станицата со својот специјален оклопен воз и како го пречекуваат руските власти.
Во вчерашното соопштение од Кремљ се наведува дека Ким ќе биде во официјална посета на Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин. Според руските медиуми, на средбата меѓу Путин и Ким ќе присуствува и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Ким последен пат ја посети Русија во 2019 година и се сретна со Путин во Владивосток.
Ким ретко патува во странство. Всушност, тој само седум пати ја напуштил земјата и двапати ја поминал границата меѓу двете Кореи во неговите 12 години на власт. Од нив, четири патувања беа во Кина, која е главен политички сојузник на Северна Кореја.
„Тоа ќе биде сеопфатна посета“, најави рускиот портпарол Дмитриј Песков. „Двете делегации ќе преговараат и потоа, доколку е потребно, двајцата лидери ќе го продолжат разговорот приватно.
Според најавите, главни теми на разговорите ќе бидат хуманитарна помош за Северна Кореја и санкции на Советот за безбедност наметнати на Пјонгјанг поради непочитување на забраната за развој на нуклеарно оружје и лансирање балистички ракети