Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун замина денеска попладне по локално време со воз од Пјонгјанг кон Ханој каде е закажана средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп. Тоа го објавија руски медиуми повикувајќи се на дипломатски извор во Северна Кореја.
– Околу 17 часот по локално време Ким замина кон Ханој со блиндиран воз. Се очекува лидерот на Северна Кореја да патува со воз целото растојание до главниот град на Виетнам, и транзитно да помине низ Кина, нагласил изворот.
Претходно властите во Виетнам соопштија дека Им ќе има официјална посета во државата во „следните денови“ без да прецизираат датум.
Средбата Ким – Трамп ќе се одржи во Ханој на 27 и 28 февруари.