Ким Јо-џонг тврди дека американски шпионски авион надлетувал над Северна Кореја

/ 10.07.2023

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг денеска изјави американски шпионски авион утрово двапати надлетувал над севернокорејска економска зона, но бил одбиен од севернокорејски воени авиони.

Таа посочи дека Северна Кореја ќе преземе решителна акција доколку САД продолжат да летаат со извидувачки авиони над економската зона на нејзината земја. Ким додаде и дека „нема да преземе директна контраакција“ против американските извидувачки активности надвор од зоната.

Севернокорејското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“ и предупреди дека авионите што се приближуваат може да бидат соборени.

Јужнокорејскиот Генералштаб негира дека американски шпионски авион надлетувал над Северна Кореја, тврдејќи оти САД спроведувале стандардни извидувачки активности во координација со јужнокорејската војска.

Поради тоа Ким го обвини ГШ на јужнокорејската армија дека дејствува како портпарол на американската армија.

Коментарите на сестрата на Ким доаѓаат во време на зголемени тензии на Корејскиот полуостров, бидејќи темпото на севернокорејските ракетни тестови и заедничките американско-јужнокорејски воени вежби се интензивираа.


Од истата категорија