Севернокроејскиот лидер Ким Џонг Ун наредил да почне подготовка за втора средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ким изразил големо задоволство откако добил писмо од Трамп и ја пофалил одлучноста на американскиот претседател за нова средба на која ќе биде разгледано прашањето за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, јавија севернокоејски медиуми.
Трамп најави дека втората средба со Ким ќе биде најверојатно во крајот на февруари. Веќе е избрана и државата домаќин на средбата. Американски медиуми тврдат дека средбата ќе се одржи во Виетнам.
Трамп и Ким имаа прва средба во Сингапур во јуни 2018 година.