Фудбалерот за врска Џошуа Кимих го продолжи договорот со Баерн Минхен, соопшти прес -службата на Баварците.
Новиот договор е со важност до 2025 година.
Кимих игра за Баерн Минхен од јули 2015 година. Во сезоната 2020/21, 26-годишниот Германец настапи на 39 натпревари за тимот на сите турнири, постигна шест гола и направи 14 асистенции.