Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот.
Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел.
Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт.
Засега нема детали зошто е избран токму Лиеж, но се шпекулира дека основачот на „Алибаба“, Џек Ма и белгискиот крал воспоставиле одлична соработка по форумот во Давос. Се претпоставува и дека ќе има уште слични инвестиции во Европа, а лобирањето на државите за овој бизнис било толку многу силно, што Холандија, на пример, соопшти дека ја пропуштила шансата поради доцната дипломатска акција.
Повеќе месеци се шпекулираше каде „Алибаба“ ќе отвори центар. Претставници на компанијата беа во интензивен поход низ земјите од регионот – од Хрватска, преку Унгарија, Романија до Бугарија, барајќи стратешки партнер за изградба на голем дистрибутивен центар во овој дел од Европа