Кинеското МНР го повика денеска американскиот амбасадор за да изрази „силен протест“ против апсењето во Канада на финансиската директорка на Хуавеи технолоџис, и наведуваат дека САД треба да го повлечат барањето за апсење.
Менг Ванжу, главна финансиска директорка на компанијата, беше уапсена во Kанада на 1 декември. Се очекува нејзина екстрадиција во САД каде тврдат дека прикрила врски на компанијата со фирма што се обидела да продава техника на Иран и покрај санкциите.
Таа е ќерка на основачот на Хуавеи.
Кинескиот заменик министер за надворешни работи нагласи дека на амбасадорот на САД Тери Бранстад му е укажано дека неговата држава испратила неприфатливо барање до Канада да ја приведат Мeнг додека таа минувала преку Ванкувер, соопшти МНР на Кина.
– Акциите на САД сериозно ги нарушуваат законите и правата на кинеската државјанка и се исклучително спротивни, му кажал Ли на Бранстад.