Зелено светло за итна употреба во Кина доби и вакцината против Ковид-19, развиена од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките (ИМКАС), соопшти денеска Институтот, со што оваа земја ја доби и петата вакцина со исполнети услови за одредена употреба.
Вакцината ZF2001, што е во доцната фаза од клиничките испитувања, а во која се регрутирани 29.000 учесници од Кина, Узбекистан, Индонезија, Пакистан и Еквадор, претходно овој месец беше одобрена за употреба во Узбекистан, наведоа британските медиуми.
Кинескиот закон за администрација на вакцини дозволува итна употреба на вакцини „во одреден обем и време“ во екот на голема здравствена криза.
Британските медиуми наведуваат дека меѓу четирите вакцини, веќе одобрени од Кина за општа јавна употреба, три имаа одобрение за употреба во вонредни ситуации од мал обем пред да добијат дозвола за употреба во пошироката јавност.
Во соопштението на ИМКАС не се наведува кои групи ќе имаат пристап до вакцината.
Утврдено е дека вакцината, заеднички развиена од ИМКАС и единицата за биолошки производи „Чонгинг Жифеи“, се покажала безбедна и дека предизвикува имунолошки одговор во раните и средните фази од тестирањата врз луѓето, се наведува во трудот објавен минатата година, во пресрет на стручната експертиаза.
Кина, која ги забрзува напорите за вакцинирање на своето население против Ковид-19, досега употреби речиси 65 милиони дози.