Претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг ќе испрати уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм“ во Србија, беше потврдено денеска за Танјуг.
Оваа голема испорака Си ја договорил со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што потенцира Танјуг, вакцините треба да бидат доставени на 5 март, кога е роденден на претседателот на Србија.