Кинеските власти најавија изградба на најголема брана и хидроцентрала во светот. Изградбата е предвидена на најдолгата река Јарлунг Цангпо во автономниот регион Тибет.
Новата хидроцентрала ќе има трипати поголем капацитет за производство на електрична енергија од централата „Три клисури“, што се наоѓа на кинеската река Јангце, која засега е најголема хидроцентрала во светот.
Новата брана ќе биде изградена во Медог и поради тоа ќе бидат иселени 14.000 жители.
Јарлунг Цабгпо извира во западниот дел на Тибет на надморска височина од речиси 5.000 метри. Таа е дел од горниот тек на реката Брахмапутра која тече низ Индија и Бангладеш.