Кина денес лансираше модул без екипаж во Земјината Орбита, којшто содржи простор за сместување три лица. Тој ќе биде дел од нова вселенска станица, што треба да биде готова до крајот на 2022 година, објавија државните медиуми.
Модулот, наречен „Хармонија на рајот“ (кинески: Тјанхе), беше лансиран од „Лонг марш 5-б“ – најголемиот кинески носач на ракети, од космодромот Венчанг, крај јужниот остров Хајнан.
„Тјанхе“ е една од трите главни компоненти што ќе ја сочинуваат новата самостојна вселенска станица, којашто е замислена како „конкурент“ на постојната Меѓународната вселенска станица (МВС). Сегашната ја користат некои од водечките земји во светот, како што се САД, Русија и Јапонија. На Кина пристапот ѝ е забранет со одлука на САД.
Целта на Кина е да се наметне, во иднина, како водечка сила во областа на истражување на Вселената.
„Тјанхе“ ќе претставува „живеалиште“ за тројца членови на екипажот на кинеската вселенска станица, коешто ќе трае најмалку 10 години. Сателитот ќе се движи на 340 до 450 километри над Земјата.