САД имаат три грева во одговорот на пандемијата на корона вирусот и пронаѓање на потеклото на вирусот, рекол портапаролот на МНР на Кина, Џао Лиџијен, пренесува српскиот портал Б92.

„САД го распалуваа оганот и политички манипулираа во врска со потеклото на вирусот. Со тоа дозволија вирусот да се шири без да биде следен“, рекол тој.

„Политичките манипулации на САД предизвикаа 35 милион инфекции и повеќе од 610 000 смртни случаи“, рекол портпаролот.

„САД не презедоа ефикасни мерки за контрола на излегувањето и со тоа придонесоа за негово ширење во многу земји. И покрај меѓународното противење, САД вратија десетина илјади мигранти кои беа заразени“, додал тој.

Истражувањата покажуваат, потсетува Џао, дека бројот на позитивни во САД може да изнесува дури 65 милиони случаи, а бројот на мртви дури 900 000, што е многу повеќе отколку што покажува официјалната статистика.

Кина ги повикала САД да ги објави податоците од раната фаза на пандемијата во државата и, кога веќе го бара потеклото на САРС КОВ 2, да ги повика експертите од СЗО што поскоро да ја истражат лабораторијата Форт Детрик и преку 200 лаборатории во странство.

Исто така, Кина бара експерти на СЗО да ја проверат лабораторијата во рамки на Универзитетот во Северна Каролина и да ги објават податоците за случаите меѓу американските војници кои присуствувале на Светските воени игри во 2019 година во Вухан.

Оваа кинеска реакција доаѓа по низата обвинувања во САД дека Кина, односно нејзината „Лилјак жена“ од лабораторијата во Вухан, го има создадено вирусот и потоа распространето низ светот, дека во декември 2019 година три лица од лабораторијата биле заразени и дека во целата работа своја улога има кинеската Армија, односно Комунистичката партија на Кина.

Во САД, го обвинуваат и Фаучи дека тој на разни начини го финансирал создавањето вештачки вирус во Вухан.

Републиканци