„Кина не учествува во војни, ниту ги планира“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Војната не може да ги реши проблемите, а санкциите само ги комплицираат“, изјави кинескиот министер за надворешни работи на заедничката прес-конференција со словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во Љубљана, објави РТВ Словенија.

Ванг го повтори ставот на Кина дека дипломатскиот дијалог и соработката се единствениот правилен начин за решавање на меѓународните конфликти и дека санкциите и притисокот „само ја влошуваат ситуацијата“.

Соединетите Американски Држави денес ги повикаа своите сојузници да воведат царини за купувачите на руска нафта, вклучително и Кина.

Вашингтон воведе царини за Индија за купување руска нафта, но се воздржа од санкции за Кина, која ја смета Русија за свој „партнер за сите времиња“.