Кина пријави еден нов случај на заразен со вирусот Ковид-19, лице кое доаѓа од странство, соопшти Националната здравствена комисија.
Во текот на вчерашниот ден не се регистрирани смртни случаи.
Кина, исто така, за 4 мај пријави 15 нови асимптоматски случаи, што е за два повеќе од претходниот ден.
Бројот заразени во Кина достигна 82.881, а починати се 4.633 лица.
Кина, како што е познато е земја со најголем број на население, околу 1,4 милијарди жители.