Кинеското Министерство за надворешни работи денеска го повика американскиот амбасадор во таа земја и му врачи „силен протест” поради апсењето на шефицата за финансии на Хуавеј Менг Ванжу во Канада минатата недела и побара САД да го повлечат налогот за апсење.
Таа беше уапсена на 1 декември во Канада, по барање на САД поради сомневања за измами поврзани со наводно нарушување на американските санкции против Иран. Менг може да биде екстрадирана во САД, но се уште не е донесена таква одлука.
Вашингтон смета дека компанијата Хуавеј од 2016 година продавала производи произведени во САД на Иран и други земји против кои САД воведоа санкции. Таа е и ќерка на основачот на Хуавеј.
Заменик-министер за надворешни работи на Кина, Ле Јученг на американскиот амбасадор Тери Банстадо му рекол дека САД испратиле „неразумно барање” на Канада да ја уапси Менг додека на аеродром го чекала својот лет, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
– Американските постапки сериозно ги кршат легитимните права на кинеските граѓани и по природа се крајно заканувачки, му рекол рече Ле на Бранстад. Слична порака беше испратена и до канадскиот амбасадор претходно оваа вечер.
Кина ги повика САД да обрнат внимание на праведниот став на Кина и да го повлечат налогот за апсење на Менг, рече Ле.
– Кина ќе одговори во зависност од следниот потег на СА”, рече тој, не објаснувајќи на кој начин.