За време на последните вежби во Жолтото Море, кинеската воена морнарица покажа воен брод од нова генерација, опремен, меѓу другото, со радар што може да открие стелт-авиони.
Станува збор за напреден разурнувач од типот 052D, кој учествуваше во вежби во Жолтото Море заедно со уште седум нови воени бродови, јави кинеското национално радио.
Досега се изградени три такви воени бродови со продолжен хелиодром и нов радар во должина од еден метар, кој наводно е способен да открие невидливи авиони „стелт“.
Бродот е опремен со 64 ракетни лансери кои можат да користат разни противбродски, противавионски и противподморнички ракети.
Во извештајот на Глобал тајмс се вели дека радарската технологија со долг дострел не е нова, но дека покрај тој радар, кинеските разорувачи имаат и други електронски системи, како што е радарскиот систем АЕСА и други.