Кина планира до крајот на оваа или средината на следната година да вакцинара против Ковид-19 од 70 до 80 отсто од своето население, изјави директорот на кинескиот Центар за контрола на болести, Гао Фу.
Тој истакна денеска дека Кина со четири одобрени вакцини ќе имунизира 900 милиони до една милијарда луѓе.
– Се надеваме дека Кина ќе може да го преземе водството во светот при постигнување колективен имунитет, нагласи Гао.
Колективен имунитет се постигнува кога има доволен број жители, дали поради вакцинација или поради прележана зараза.
До крајот на минатиот месец Кина употреби 52,5 милиони дози вакцини против коронавирусот.